(ВИДЕО) Странците препорачуваат нов закон за тајните служби

0
381

Работата на тајните агенти и разузнавачките служби најдобро е да се регулира со нов закон бидејќи примената на актуелните законски решенија се применети на незадоволително ниво поради што нема ниту ефикасна контрола и надзор, пренесе Телма.

sobraniska_komisija_81-670x324

Ова е дел од препораките на експертите од швајцарската организација DCAF кои три месеци работеа заедно со македонските пратеници надлежни за контрола на службите.

А досега немало ниту една контрола дали провајдерите работеле согласно законот кога службите барале да има прислушување. Странските експерти предлагаат обука за пратениците да може соодветно да ги контролираат службите.

Предложено е во Собранието да се направи безбедна соба каде ќе се расправаат доверливите разузнавачки теми. Вработените во одделот за следење на комуникации да бидат заштитени доколку одбијат незаконски да прислушуваат. Предлозите може да се исполнат, оцени пратеникот од власта Саздов, но вели суштината на проблемот е лошата безбедносна култура.

Од опозицијата пак преку примерот со Тито Петковски потсетуваат како власта преку тајната служба ги прислушкувала пратениците кои требало да ја контролираат службата.

ДПА ја обвини ДУИ дека со години дозволуваат да се следат Албанци, како и претседателот на партијата Мендух Тачи.

Својот лидер го спомна и Васко Ковачевски од СДСМ, дека власта врши злоупотреби и со снимките на Заев и Груевски од премиерскиот кабинет кои биле наредени во истрага, а потоа се споделија на интернет.

Павле Трајанов истакна дека се уште пратениците не исконтролирале дали службите престанале со нелегално прислушување откриени со скандалот. А странските експерти имаа само една препорака до сите нив- за ефикасна контрола пратениците мора да ги имаат сите можни информации.

 

Видеото од прилогот на ТВ Телма може да го погледнете ОВДЕ