(ВИДЕО) Спасовски: Македонија мора да ги спроведе препораките на Прибе

0
230

127602

Македонија мора да ги примени препораките од извештајот на Прибе за да се врати угледот на институциите во земјата вклучиелно и на МВР порача министерот Оливер Спасовски на собраниската комисија за европски прашања, пренесе 24 Вести.

Разгледувајќи ја единствената точка на дневен ред владеење на правото и судството како дел од врвните реформски приоритети Спасовски порача дека треба да биде донесен и нов закон за следење на комуникациите . Меѓу другото тој додаде дека министерството веќе ги доставило до ДИК и потребните податоци за прочистување на избирачкиот список за престојните избори.

За претставниците на судскиот совет пак судството во земјата е независно и функционира одделно од законодавната и извршната власт. Сепак не негираа дека земјава треба да ги примени препораките на Прибе во оваа сфера.

Судството во земјата до сега често пати беше нотирано како критична сфера не само во извештајот на Прибе туку и во извештаите на ЕУ и меѓународната заедница. Препораките глевно беа во насока дека евидентно е политички влијание и дека е неопходна институционална независност на судската власт во земјава.

Видеото ОВДЕ