(ВИДЕО) Прогласен најгрдиот човек на светот, второпласираниот се буни и бара повторување на натпреварот

0
500

najgrd-covek50

Мезон Сере, 42-годишниот невработен човек од Зимбабве е прогласен за најгрд човек во таа држава на изборот во еден паб во престолнината Харере, а второпласираниот побара повторување на натпреварот.

Победникот Сере, облечен во распадната облека и без неколку предни заби ја однесе победата над пет натпреварувачи и освои награда од 500 долари како „Мистер Грд“. Оваа награда е прилично голема во државата во која владее огромна невработеност.

-Сакам да му се заблагодарам на Бога поради освојувањето на оваа титула, минатата година бев четврти, изјави Сере пред 200 гости во пабот.

Второпласираниот Вилијам Масвину, трикратен лауреат не е задоволен од утешната награда од 100 долари.

-Судиите не беа фер, организаторите ќе мора да го повторат натпреварот, вели Масвину.