(ВИДЕО) Повторно летаа јајца кон режимската експозитура наречена Уставен суд

0
231

Удирајќи во тенџериња и лонци, група граѓани денеска повторно  се собраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството од одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за промена на Законот за помилување, која предвидува да може да се помилуваат и лица што се гонат или се осудени за изборен криминал.

Насобраните граѓани извикуваа „Мафија на робија“, „Оставка“, „Каде ни се парите“, „Има Грујо – нема мир“.

– Правеле изборен криминал и сега сакаат амнестија. Не министри, што сакаат нека бидат, треба да одговараат. А и претседателот е партиски определен, затоа народот мора да излезе на протест. Законот треба да важи еднакво за сите, без разлика дали некој од ВМРО-ДПМНЕ се огрешил – вели еден од присутните граѓани.

Владимир Милчин најави дека наредниот протест ќе биде в понеделник напладне.

– В понеделник ќе се собереме да бараме оставка за гробарите на Уставот. Ова ги засегнува сите што сакаат да живеат во држава каде владеат права и има правдина. Нè сметаат за наивни, за будали. Па, ајде да им покажеме дека длабоко се лажат – рече Милчин.

На крајот на протестот, граѓаните фрлаа со јајца кон Уставниот суд.

 

(video) Për të dytën ditë me radhë protestë para gjykatës kushtetuese.

Posted by TV21 on Thursday, February 25, 2016