(ВИДЕО) Повторно ХОРОР во Париз: Жестоки престрелки помеѓу полицијата и терористи, има загинати!

0
164

sen-deni

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми.

Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек.

Полициската операција почнала утрово, околу 3.30 часот, според средноевропско време, по што се слушнале серија експлозии и пукотници. Во акцијата, според првичните информации, биле ранети двајца полицајци.

Според француските медиуми, во акцијата биле уапсени тројца осомничени. Во фокусот на полицската операција, според медиумите, е потрагата по Абделхамид Абаод, припадник на Исламаска држава, за кого постојат сомневања дека е мозокот на терористичките напади во Париз во кој загинаа 129 луѓе.

Патиштата околу Ру де ла Републик во Сен Дени, истата област кај стадионот „Стад де Франс“, каде се случи еден од нападите во петокот, се блокирани, а заменик-градоначалникот, Стефан Пу, ги повикал локалните жители да останат во своите домови, со објаснување дека „не станува збор за нов терористички напад, туку за полициска акција“.

„Се слушаат пукотници постојано, како да станува збор за огномет“, изјавил жител на предградието за „Би-Би-Си“.

Според првичните информации, се верува дека во станот кој е цел на полициската рација има најмалку петмина осомничени.

Дваесет и седумгодишниот белгиец Абделхамид Абаод, за кого се сметаше дека ги организирал нападите од Сирија, сега се верува дека е во еден од становите во Сен Дени.

https://www.youtube.com/watch?v=wDXfaK7DzEk

https://www.youtube.com/watch?v=caZ18KSwyGs