(ВИДЕО) Оф мори мајко: КУРТОНЧЕТО НА ЛАКИ од Сител, Љупче Златев бараше отчет од Јанева

0
459

Најавата за првата акција „Титаник“ предизика напната атмосфеа и нервозни прашања кај дел од новинарите на прес конференцијата на СЈО, пренесе А1он.

Новинар од Сител постави прашање зошто специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побарала стан од државата, иако наводно имала два нејзини стана, нагласувајќи дека СЈО има земено 4 милиони евра народни пари, велејќи дека во нормалните држави луѓе поднесувале оставки поради тоа, но според него, Македонија не била нормална држава.

– Обврската за отчет стои, не само на вас како медиумска куќа, туку ќе биде дадена и пред Собранието, и пред Советот на јавни обвинители. Ние имаме законска обврска за отчет која што завршува со истекот на шест месеци откако е формирано СЈО. Не верувам дека е проблем некој до 15 март да го почека отчетот и за целокупното финансиско работење кое што нема да може да го избегнеме и генерално за работата на СЈО, така што не гледам ништо спорно што во моментот кога некој смета дека нешто е предмет на интерес, а постојат многу други поважни теми, како темите за кои што денес тука зборувавме да го почека моментот кога ќе дојде време за одговор и на тие прашања. Не гледам ништо симптоматично што во овој момент токму на тоа конкретно прашање нема одговор, што не значи дека нема да биде даден тој одговор, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Праша и зашто е прекршена пресумпцијата на невиност во однос на Едмонд Темелко?

– Бевте на прес конференција на која ниедно име не беше објавено, така што сите имиња кои што вие или некој друг ги објавува и ако крши некакви права тоа не е од наша страна и се оградуваме во однос на вашето вакво прашање, рече Ристоска.

Видеото ОВДЕ