(ВИДЕО) Новинарот на „Фокус“ Љубиша Арсиќ: Фалсификуваните лични карти беа тројазични и без фолија!

0
165

arsi c

Новинарот на Фокус кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти, Љубиша Арсиќ, вечерва во емисијата „360“ зборуваше за тоа како дошол до 105 фалсификувани лични карти и за кредибилитетот на изворот.

Личните карти биле тројазични, односно англиски, македонски и албански. Освен Македонци и Албанци, на личните карти фигурирале и Роми и Турци. Изворот напоменал дека личните карти немаат метална фолија, а му ги доставил на Арсиќ од причина што тој претходно пишувал на таа тема.

-Секако дека и јас размислував околу кредибилитетот на изворот. Ми се врзуваат најмалку 4 елементи кои го прават кредибилен. Пред се, самото тоа што тој доставува 105 лични карти за тоа што и инспекторите во МВР констатираа со голо око дека се работи за фалсификат.
Ако во краткиот разговор тој пренесува многу важни информации иако очигледни беа паниката и стравот посочува дека се изработени 30 илјади лични карти, дека биле вклучени полициски службеници и сознанието дека на 2 тајни локации се изработувале илјадници лични карти тој кажа дека овие лични карти се користени на избори.

Јас практично ги имав личните карти 48 часа гледав што поскоро да ги предадам во полиција. На прв поглед личната карта наликува на оригиналнa, ако не ги споредите со лична карта. Ако ја земете само едната фалсификувана и ја дадете на некој шалтер, ретко кој би препознал особено ако е нешто набрзина да се заврши работа, дури сметам дека и членовите на избирачки места тешко би препознале“, додава тој.

Арсиќ проценил дека материјалите треба да ги достави во МВР бидејќи кај нив се механизмите, но очекува министерот за внатрешни поскоро за случајот да ја информира специјалната обвинителката.

Инспекторите кажале уште утредента треба да е известено Основното јавно обвинителство.