(ВИДЕО) Манчевски: Итни мерки против загадениот воздух во Скопје!

0
60

„Скопјани со години се мачат со проблемот со загадениот воздух. Овој проблем е од животно значење за сите граѓани без разлика на национална, верска или партиска припадност.

И покрај се, Коце Трајановски сеуште нема превземено ниту една мерка, нема воведено ниту една политика за намалување на загаденоста на воздухот“, рече на денешната прес конференција, Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

„Со оглед на тоа што не добивме поддршка од советниците од останатите советнички групи за итна седница посветена на предлог мерки за намалување на загаденоста на воздухот, советничката група на СДСМ и коалицијата денес ќе поднесе иницијатива за редовна седница со единствена точка на дневниот ред за разгледување на предлог мерки за намалување на загаденоста.

Во услови на неколкудневна екстремна загаденост, некои од предлог вонредните мерките кои ги предлагаме се:

  • Времен прекин на сите градежни активности во Скопје.
  • Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во деновите на екстремна загаденост.
  • Секојдневно миење на улиците во градот.
  • Вонредни контроли и доколку е потребно времено запирање на работата на сите субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.

Ова се само дел од итните предлог мерки, кои би се применувале во денови на екстремна загаденост.. На седницата ќе ги презентираме и нашите долгорочни политики“, изјави Манчевски.