(ВИДЕО) Ковачевски: Скандалозна продажба на Офицерскот дом во Битола!

0
47

„Раскрчмувањето и недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ безмилосно продолжува.

Во својата безидејност, ВМРО-ДПМНЕ донесе скандалозна одлука, погубна за градот Битола и неговите граѓани.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ на 19 февруари по пат на јавно наддавање со стартна цена од 900.000 евра ќе го продаде најатрактивниот културно-историски обејкт на балканот, но и пошироко, Офицерскиот дом, обејкт со околу 2000 метри квадратни корисна површина“, рече на денешната прес конференција пратеникот од редовите на СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

„Да потсетиме, градоначалникот Владимир Талески им вети на битолчани дека Офицерскиот дом нема да се продава, туку ќе се даде на концесионер на повеќегодишно користење.

Во изминатите неколку години од страна на власта овој објект намерно е оставен да се уништува и да пропаѓа. Целта е да се обезвредни и да се продаде за багателна цена.

После ЗК Пелагонија, Жито Битола, Стопанска Банка Битола, АД Пелистерка и др. сега и офицерскиот дом во Битола се спрема да биде земен од „фамилијата„.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за своите „тендер политки„ и бизнис интереси.

ВМРО-ДПМНЕ и Талески уште еднаш го покажаа своето вистинско лице, ги излажаа граѓаните на Битола.

СДСМ предупредуваше преку пратениците во Собранието на РМ и советниците во Советот на Општина Битола и со амандмани бараше средства од буџетите за реконструкција и ставање во функција на објектот. Но, власта на ВМРО ДПМНЕ ваквите предлози ги одбиваше.

СДСМ остро се спротиставува и жестоко ќе реагира на вакавата одлука. Ова раскрчмувањето на културно-историското богатство на Битола мора да запре.

Офицерскиот дом е симбол на Битола и битолчани. Граѓаните се револтирани и со право реагираат“, изјави Ковачевски.