(ВИДЕО) Клопчето се одмотува: Откриени две нови адреси во Центар на кои „живееле“ гласачи од Пустец

0
307

Васил Ѓоргов 24 и Максим Горки 25 се двете нови адреси во општина Центар на кои живееле  гласачи од Пустец, пишува 24Вести.

-По Рузвелтова 64, МВР открива нови локации на кои според Избирачкиот список би требало да живеат десетици гласачи. 24 Вести дојде на посочената адреса во Капиштец.
На улицата Васил Ѓоргов 24, стан број 7. Заѕвонивме на врата. Не ни отвори никој. Вратата беше во пајажаина по што можеше да се заклучи дека во станот подолго време не влегол никој.
Истото го разбравме и од соседите кои не сакаа да зборуваат пред камера, но рекоа дека подолго време не виделе никој да влегува или излегува оттаму.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неколку дена обелодени дека открил повеќе вакви државни станови на чија адреса незаконски биле издавани лични карти на луѓе од Пустец.
Другата адреса беше Максим Горки 25. И на оваа локација живееле десетици луѓе од Пустец на кои незаконски им биле издавани лични карти и станале гласачи во Општина Центар – пишува 24Вести.
Видеото ОВДЕ