(ВИДЕО) Кирацовски откри уште еден СКАНДАЛ: Веб-страницата „ЗбогумНикола.мк“ откако ја регистрира СДСМ, МАРНЕТ експресно ја продадена на земјоделец од Велес

0
203

„Новата 2016 gодина ја остварува најголемата желба на мнозинството граѓани на Република Македонија. Со цврстата одлучност на Социјалдемократскиот сојуз и na опозицијата, соподдршка од невладиниот и граѓанскиот сектор и од огромното мнозинство граѓани, се бројат денови до оставката на Никола Груевски! Груевски ќе мора да ја напушти премиерската фотелја, во којашто е удобно сместен цели 10 години и од којашто им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македнонија“, изјави денеска на прес конференција Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.’

Кирацовски нагласи дека интернет страница, www.zbogumnikola.com ќе потсетува на сите злодела на Никола Груевски и неговите соработници, надградени и проширени, незапаметената сиромаштија, иселувањата, криминалот и корупцијата на фамилијата, нивното богатење на грбот на граѓаните, девалвираното образование, срушеното здравство, задолжувањата на граѓаните, узурпацијата на институциите, упадот во судството и медиумите, мега скандалот со прислушувањето.

– Денеска ќе објавам уште една злоупотреба на институциите од страна на власта на Груевски и уште една причина зошто Груевски мора да замине. Станува збор за регистрацијата на оваа интернет страница “Збогум Никола” што власта на Никола Груевски се обиде да ја спречи преку јавната установа МАРНЕТ – Македонската академска истражувачка мрежа. СДСМ минатиот месец, на 10 декември, поднесе барање за регистрација на интернет страница zbogumnikola.mk. По три часа добивме потврда дека називот, односно доменот zbogumnikola.mk е купен, а во следните два дена ќе биде регистриран од страна на МАРНЕТ. Оваа јавна установа е единствена овластена од државата да врши регистрација на домени со кратенката mk. И оваа јавна установа овозможила кражба! Веќе купениот назив, односно домен, од страна на СДСМ, го регистрирале на други! Неполни 24 часа откако СДСМ го купила називот zbogumnikola.mk, истиот бил продаден на извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес кој од страна на МАРНЕТ е заведен како корисник. Потоа сопственоста на називот на странцата e префрлена на Друштво за трговија и услуги СОЛЕ ПРОМ со седиште во Скопје. Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на власта на Никола Груевски – истакна Кирацовски.

Potvrda-za-kupuvanje-758x1024 Nova-korisnicka-smetka-za-domen-722x1024