(ВИДЕО) Драма во Центар: Родителите упаднаа кај сменетата директорката која беше завторена во канцеларија со полицајци-вие немате грам памет!

0
229

drama11-685x320

В.Д. директорот на училиштето “11 Октомври“, Васко Лазаревски влезе во канцеларијата, а таму седи и сменетата директорка која одбива да излезе од училиштето и ја чува полицијата, пренесува А1он.

В.Д. директорот Васко Лазаревски тврди дека тој е легитимен директор по одлука на Советот на родители, а досегашната директорка Даниела Костадинова обвини дека сите се партиски обоени.

Родителите упаднаа претпаднево кај неа во канцеларија, и и порачаа поради пропустите и грешките кои ги има направено досега, треба да си замине.

-Кој ви даде право два дена со 4 полицајци да ги тормозите децата? Вие децата треба да ги образувате а не да ги политизирте.
Ова што го правите, ќе ве стигне законот.

Хаос направивте од кога сте дојдедени, имајте морал и заминете од овде. Вие ги малтретирате децата, имаме докази, рекоа родителите.
Костадинова го читаше решението од Централниот регистер , според кое таа е директор, односно повторниот упис во регистерот по нејзината жалба.

Родителите и новиот директор тврдат дека тоа е незаконски, и ја обвинија за неодамнешниот случај со труење на учениците.

Таа им рече на родителите дека се партиски мотивирани, а тие и возвратија дека се сите тука и не може да бидат партиски мотивирани. Напротив, рекоа тие, директорката ги менувала учителите за да става со партиски книшки.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ