(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ЗА ТОА КАКО СЕ СПРАВУВА ДРЖАВАТА СО БОЛНИТЕ ВО ПРИЛЕП : Државата затвора очи пред маките на болен прилепчанец

0
559

Златко Соколоски има 41 година, а како што вели цел живот го поминал во страдања. Родителите се починати, па сега живее сам во семејниот стан во Прилеп, со пензијата на мајка си. Но, од 9000 денари, му остануваат едвај 3500, пари со кои не може да го мине месецот. Има нарушено здравје, и нема можност за работа, зашто има 2 операции поради тумор на мозот,една на градниот кош, има пареза на лицето и уште една неуспешна операција за враќање на мускулатурата во нормална состојба. Животот му станал уште поврн, откако се реализираат извршни решенија за долг кон ЕВН и кредит што го подигнал за лекување, пренесе 24 Вести.

„Кога ми ја пуштија струјата повторно, останаа уше 150.000 денари казна, зашто сум се приклучил сам на саатот мој и ми рекоа дека тие 150 илјади денари не треба да ги плаќам. И тие сега дојдоа преку 300.000 денари со камата“, се жали Соколоски.

Деновите ги минува речиси сам, затворен во ѕидовите на станот, што се распаѓа, во темнина, без струја, без огрев,без топол човечки збор, во самотија, без надеж дека ќе биде подобро.

 „Никаква исхрана излегувам од сабајле, ако најдеш некој што го познаваш ќе ти купи една кифла,  на ручек од кај  некој ќе побараш за леб да купиш, а што се однесува за топлење, еве веќе седна-осма зима како сум без огрев“, вели Соколоски.

Немоќен да ги реши своите проблеми, тој бара помош од државата.Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, пак  информираат дека Соколоски при последната апликација за паричен надоместок за нега од друго лице, не ги исполнил критериумите. Но, потенцираат дека тој во секој момент може да поднесе нови документи, па доколку ги исполнува условите ќе му бидат додели средства.

Видеото ОВДЕ