(ВИДЕО) ДИК утре почнува со проверка на избирачкиот список, за експеритите времето е многу кратко

0
235

Државната изборна комисија, утре ќе ја започне постапка за прочистување на избирачкиот список. Како што информираат, обезбеди се податоци од 10 релевантни институции, пренесува ТВ21.

Членот на ДИК, Субхи Јакупи, вели дека процесот на вкрстување на податоци, треба да заврши до 24 февруари. Според него, причината за доцнењето, било унифицирање на податоците од другите институции.

„Од утре треба да почнеме со вкрстување на податоците и потоа да видиме колкав ќе биде бројот на спорните имиња. Правиме се да ја завршиме нашата работа, бидејќи имаме одреден датум до кој треба да се подготвиме.“, рече Субхи Јакупи, член на ДИК.

Политичките аналитичари Мерсел Биљали и Алајдин Демири, позитивно гледаат на почетокот на процесот за прочистување на избирачкиот список, но како што велат тие, за исходот се песимисти.

„Ажурирањето на податоците и прочистувањето на избирачкиот список, не е толку едноставно, бидејќи уште на почеток се соочува со два клучни проблеми. Првиот е рокот кој е многу краток, дури и ако изборите би се одржале во јуни. Вториот е дека постои намерна рамнодушност и опструкција кај институциите, во ненавремено давање на разни податоци, кои треба да ѝ помогнат на комисијата.“, рече аналитичарот Мерсел Биљали.

„Државната изборна комисија не ја заврши својата работа и повторно не се знае каков модел ќе избере за да го прочисти избирачкиот список. Важно е да започне процесот, а дали ќе успее, останува да се види.“, изјави аналитичарот Алајдин Демири.

Граѓаните ќе можат преку официјалната страница на ДИК да ги проверат своите податоци. Во моментов во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи. По прочистувањето на избирачкиот список, ќе се знае точната бројка на граѓани со право на глас.

https://www.youtube.com/watch?v=cba_ARjaRxw