(ВИДЕО) Гуштеров: Министрите на СДСМ мора да ја спречат пропагандата со државни пари!

0
407

gusterov v

Ако во Македонија постоеше етика и морал, кои се длабоко закопани, премиерот Никола Груевски по вчерашниот договор за влез на СДСМ во извршната власт, требаше да даде оставка, но ќе се чека декември за да се реализира и овој дел од договорот во Пржино, вели стопанственикот Ристо Гуштеров во интревју за 24 Вести.

“Се што се однесува на пропагандата во финансискиот дел во Минстерството за финансии, Кире Наумов сега ќе ја има силата а се надевам и законската можност да стави вето и таа пропагнда да не се реализира, односно да се спречи. Тоа е многу значајно за да имаме фер и демократски избори, доколку тоа не се направи тогаш не чека повторно процес на изборна корупција“, вели Гуштеров и додава дека клучни сега ќе бидат и потезите на специјалната обвинителка Јанева.

 

Според Гуштеров, најавата за задолжување на државата со 500 милиони евра во предизборен период ќе биде голем удар за должничката позиција на Македонија, и смета дека сега значајно ќе биде да се види по која цена ќе се задолжи земјата.

Во емисијата “Тренд“ зборуваат: професорите Томе Неновски, Абдулменаф Беџети и Мирољуб Шукаров.