(ВИДЕО) Габер: Откажан самитот на ЦЕИ – продолжува меѓународната изолација

0
50

Заради погрешните политики на владата на Груевски, Македонија и понатаму тоне во меѓународна изолација. И најмладите наши граѓани забележаа дека, кога се во регионот, не заобиколуваат канцеларката Ангела Меркел, потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Џон Кери, претседателот Владимир Путин – листата е долга, вели Виктор Габер, Комисија за надворешни работи.

Но, Владата на Груевски не ги исполнува ни своите меѓународни обврски. Имено, иако годинава Македонија е претседавач на Централно – европската иницијатива (ЦЕИ), владата не успеа да ги исполни обврските кои произлегуваат за успешен развој на оваа иницијатива, единствената регионална европска организација во која официјално за нашата држава се користи името Македонија.

Најавената програмата на нашето претседателство со ЦЕИ не само што не е исполнета со неопходните, а ветени содржини, туку видно е и дека нашите партнери во ЦЕИ не се заинтересирани, во сегашните услови, да партиципираат на одделни содржини.

Дополнително, таму каде беа присутни драстично го симнаа нивото на своето претставување, а со тоа и на преземањето на идните обврски.

Како врв на меѓународната изолација и круна на неефикасноста во исполнување на своите обврски во ЦЕИ, владата на Груевски дефинитивно не беше во состојба да го свика и одржи Самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЦЕИ, кој беше најавен за 19 ноември 2015 година.

Треба да се напомене дека во 2002 година Република Македонија како претседавач на ЦЕИ во потполност ја реализираше програмата за своето претседавање, кое во ноември на таа година кулминираше до Самитот на шефови на влади.

Од тогаш, се множат меѓународните неуспеси на Никола Груевски.

СДСМ нема да дозволи било каква меѓународна изолација на Македонија.

Затоа, граѓаните имаат идеја: збогум Никола.