(ВИДЕО) Богоев: Груевски да ги тргне валканите раце од спортскиот центар Партизан

0
134

„Од овде, пред спротскиот центар Партизан, му порачуваме на Никола Груевски, да ги тргне неговите валкани раце од спортскиот објект Партизан 4.

На младите им е преку глава од валканите политики на Груевски и фамилијата.

Додека лицемерниот Груевски се расфрла со лажни ветувања за изградба на сала за гимнастика во Борис Трајковски, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за евтини пари го продава спортскиот објект Партизан 4, за само 1 милион евра“, изјави Стефан Богоев, претседател на СДММ.

„ВМРО-ДПМНЕ го раскрчмува имотот на граѓаните на Карпош. За Груевски и фамилијата `се се вреднува во пари. 1 милион евра за нив вреди Партизан 4.

За граѓаните на Карпош, Ѓорче Петров и другите делови на Скопје овој објект нема вредност во пари. 30 години генерации на Скопје ги имаат своите спортски почетоци овде.

ПАРТИЗАН 4 е објект во сопственост на државата и на граѓаните на Македонија. Поранешниот премиер Никола Груевски нема право да одлучува во име на граѓаните на Република Македонија.

Целта на Груевски и фамилијата е да распродадат `се што можат, за да можат да ги дополнат своите џебови со пари на граѓаните.

Граѓаните знаат дека Груевски и фамилијата единствено мислат на своето лично богатење и луксуз. Тие воопшто не мислат ни на државата ни на граѓаните.

Со години објектот на ПАРТИЗАН 4 е заборавен од власта на Груевски. Сега наеднаш им текна како што им текна и на Офицерскиот дом во Битола којшто беше мета на Груевски.

СДСМ нема да дозволи апсурдни распродажби на објекти од културно, историско и општествено значење за граѓаните на Македонија.

Заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Богоев.