(ВИДЕО) Богдановиќ: Груевски лаже за да ги прикрие виртуелните инвестиции

0
74

Screenshot_79

ВМРО-ДПМНЕ е во паника, само лаже и шири манипулации, не можејќи да ги прикрие своите виртуелни проекти за странски инвестиции и виртуелни вработувања, како и секојдневните отпуштања од работа што се случуваат во Република Македонија, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.

Затоа продолжува со груби манипулации и конструкции да лаже, пред се за мене и мојот углед, но и местото на коешто работам.

Од вчера, продолжувајќи и денес, координаторот на советничката група и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, мавта со незаверен лист, без архивски печат и без никакво евидентно бројче, сакајќи да прикаже дека наводно сум земал плата од 2 илјади евра. Тоа не е точно.

Изјавувам дека тоа е груба манипулација со којашто сакаат да наштетат на мојот углед и мојата работа.

Пред вас го покажувам документот, архивски заверен и кадешто јасно може да се види, со архивско бројче и печат означен од Јавното претпријатие, вистината за тоа колкави се моите придонеси и придонесите на Андревски Вангел, помошник директорот за стратешко планирање и финансии.

Ги информирам и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски, доколку во рок од 24 часа не се извинат јавно за нивните конструкции и манипулаци, ќе поднесам соодветни пријави до надлежните институции.