(ВИДЕО) Џес Бејли: Оставките на Мијалков, Јанакиески и Јанкуловска не се доволни, затоа се формираа специјалното обвинителство и анкетната комисија

0
337

Американскиот амбасадор Џес Бејли ја дели оценката на Европската комисија дека е преземена само делумна политичка одговорност за случајот со прислушувањето и содржината на раговорите. Оставките на Мијалков, Јанкуловска и Јанакиески беа важни, но не се доволни, вели Бејли во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, додавајќи дека токму затоа се формирани специјалното обвинителство и анкетната комисија во Собранието. Бејли апелира и до граѓаните, независно од институциите, да го преземат својот дел од одговорноста, да бидат активни и да ги пријавуваат евентуалните притисоци и злоупотреби поврзани со изборниот процес. Еве го интегралното интервју со американскиот амбасадор во Македонија.