(ВИДЕО+ФОТО)Стотици граѓани протестираа со фрлање јајца врз режимскиот Уставен суд: Судска мафија!

0
257

Со фрлaње јајца по фасадата на зградата на Уставниот суд и со извици „Судска мафија“, „Партиски судии“, „Мафијашка држава“, „Оставка“, „Готово е Никола“, „Робија“,„Нема правда – нема мир“, стотици граѓани протестираа пред судот поради одлуката за која, како што велат, е во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори, пренесува „Мета“.

Протестот под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“ го организираше граѓанската платформа „Ајде“.

На транспаренти беа наведени имињата на петмината судии (Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојаноски) на Уставниот суд кои денеска ја поддржаа одлуката да се прифати иницијативата за разгледување на уставноста на дел од одредбите на Законот за помилување, за кои како што истакнаа демонстрантите се „срам за уставниот поредок“.

Според поранешниот директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Владимир Милчин, овие пет судии се соучесници на изборниот криминал, ги погазиле правната држава и правдата и се покажа дека секој може да биде амнестиран за криминал.

12788310_10207436519129415_568788122_n-670x503

– Никола, Уставниот суд не е изборна програма да се проширува и надградува како што ќе ти текне. За да се спасат газдите утре ќе бидат пуштени на слобода педофили и дилери на дрога. Кој ќе го штити Уставот од вас? Се срамиме до вас. Највисокото тело што треба да го штити Уставот го исплука и го погази – порачаа демонстрантите.

Според Билјана Бејкова, од НВО Инфоцентар денеска Уставниот суд донел срамна одлука газејќи ги Уставот, законите и правдата.

– Со оваа одлука Уставниот суд е сојузник и одговорен за изборните измами. Власта признава дека правела криминал и уставниот суд ја презеде одговорноста. Со оваа одлука власта покажува дека се плаши – изјави Бејкова.

Граѓаните прашуваат зошто токму сега Уставниот суд одлучил да расправа за иницијативата за измени во Законот за помилување.

12166057_10207690728442089_110187476_n-670x402

Пред Уставниот суд симболично беше поставена табла јајца и транспарент на кој пишуваше: „За демакоратија се потребни јајца“. На дел од транспарентите метафорично беше напишано наместо „Уставен“, „Усрамен суд“. Демонстрантите носеа и црвени листови со кои симболично му порачаа на Уставниот суд дека му давааат црвен картон.

Демонстрантите за утре закажаа нов протест пред Уставниот суд и ги повикаа граѓаните да донесат од дома тенџериња, тапани, сврчиња за да бидат погласни во искажувањето на својот револт.

 

Во моментов пред Уставен Суд

Posted by Irena Cvetkovik on Wednesday, February 24, 2016