(ВИДЕО)Трпеновски: Притисоците врз тимот на Јанева ќе имаат контраефект

0
262

Притисоците и обидите да се девалвира и урне работењето на Специјалното јавно обвинителство кои деновиве интензивно се вршат ќе има спротивен ефект смета поранешниот јавен обвинител Јово Трпеновски, во изјава за 24 Вести. Според него ваквите оркестрирани напади врз специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим нема да имаат влијание врз нивното работење.

Трпеновски уште оценува и дека се она што се презема против Јанева и специјалното обвинителство очигледно се потврда на очекуваните засилени притисоци и опструкции со цел да се пренасочи фокусот кон нивно оцрнување. Очекува дека притисоци ќе има уште поголеми.

Покрај кривичните пријави за специјалните обвинители, изминатиов период Јанева беше мета и на медиумски напад. Таа јавно изрази револт за начинот на известување и упати апел да има воздржаност од произнесување на невистини, етикетирање и ставање во функција за дневно политички цели на Специјалното јавно обвинителство. Претходно од МВР беше побарана и физичка заштита на членовите на обвинителството, поради високиот степен на опасност по нивниот живот и личен интегритет. Покрај ваквите притисоци, како еден вид опструкција на специјалното обвинителство беше и тоа што долго време немаше одобрен буџет за работење.

Видеото ОВДЕ