(ВИДЕО)Сем Вакнин: Кој и како го прави рангирањето на “Дуинг бизнис”

0
216

vakini e

Ви ја пренесуваме дел од видео колумната на Сем Вакнин за НОВА:

Светската Банка само што го објави влијателниот и угледен извештај „Дуинг Бизнис 2016“. Македонија се искачи од 14. место минатата година на 12. место оваа година пред земји како Германија, Канада, Австралија, дури и шампионот во реформи Естонија. Мораме да оддадеме признание таму каде што треба. Владата под лидерство на Груевски ја реформираше бизнис средината во Македонија, ја направи поориентирана кон претприемништво, ги покани странските инвеститори да дојдат и некои од нив дојдоа. Нема дилеми дека Македонија е трансформирана во бизнис дестинација попријателска за бизнисмените и за претприемачите.

Сепак во изминативе три години бизнисмените, дури и поддржувачите на Владата се жалеа за постепено влошување. Тие се жалеа на вознемирување од даночните власти, на прекршување на законите од страна на државата, на произволни одлуки од административните агенции од привилегираност од зголемена бирократија и од зголемени даночни оптоварувања.
Со сите овие жалби, кои постојано се зголемуваат особено минатата година, како тоа Македонија се движи кон подобро? Како тоа рангот е подобрен? Ова се поврзува со методологијата на извештајот и неговата структура. „Дуинг Бизнис“ се објавува годишно. Вклучува неколку параметри .

Секој параметар се состои од прашање. На пример: Колку е лесно да се започне бизнис? Колку е лесно да се регистрира нова фирма? Колку е лесно да се поврзе со струјата? Колку е лесно да се заштитат правата на малцинските акционери итн.

Целата колумна ОВДЕ