(ВИДЕО)Николов: Фирмите да не плаќаат 60 евра за ГПРС врска

0
180

marjanchonikolov1

Додека Владата зборува само за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат покрај другото и поради разни давачки кои им се наметнуваат, изјави денеска пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов.

Тој информира дека СДСМ и коалицијата поднеле повеќе измени на закони со кои треба да се подобри работењето на компаниите и да се намалат казаните.

– Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, над 10 илијади фирми се затворени.Лошата бизнис клима влијае постојано да се затвораат фирми при што луѓе остануваат без работа- рече Николов.

СДСМ, вели Николов нама да дозволи уште една лоша епизода за домашните претпријатија.

– Домашните претпријатија не треба да плаќаат дополнителни 60 евра за воспоставување на врска со GPRS терминалот и крипто модулот. Овој непотребен трошок од претпријатијата ќе испумпа 3,2 милиони евра. (53.104 активни фискални апарати x 60евра)- рече Николов.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата со поднесените измени на законот за готовински плаќања, бара сервисирањето на фискалните апарати во врска со GPRS терминалот и крипто модулот да се вршат без надоместок, односно бесплатно.

– Дополнително, во рамки на поднесените измени на законот за готовински плаќања бараме и намалување на казните за 50 отсто.Сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија превисокоте казни се големо оптоварување за малите и средните претпријатија во земјава.Исто така со законот бараме да се укине забрана за вршење на дејност од 30 до 15 дена за даночни обрвзници.Недозволиво е објектите да бидат затворани и пломбирани откако ќе си ја платат казната. Затоа бараме оваа мерка за затворање на објектот од 15 и 30 дена да биде укината – информира Николов.