(ВИДЕО)БОМБА на Кирацовски: 13 милиони евра од Владата завршиле во Сител, Канал 5 и Алфа

0
206

Дополнителениот заменик-министер за информатичко оштество Александар Кирацовски денеска соопшти дека само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони евра! Над 846 милиони денари!

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра или 846.021.921 денари, информираше Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

-Ова е официјален документ за трансферите на пари што ги правела Владата кон трите телевизии под нивна контрола, во последните три години, 2013, 2014 и 2015 година.
Сител на Горан Иванов Ѕинго добила над 5 милиони евра!

Во Канал 5 на Емил Стојменов влегле речиси 4 милиони евра!
Во Алфа Владата на Груевски внела над 4 милиони евра!
Во Сител, Канал 5 и Алфа, само во три годни завршиле 13 милиони евра народни пари, рече Кирацовски.

Screen-Shot-2016-02-01-at-14.15.58

Тој покажа документи, според кои Владата, за истиот период од три години, за реклами, префрлила на телевизија Алсат М околу 200.000 евра, а на Телма 160.000 евра, односно 35 пати помалку во однос на парите префрлени на трите телевизии под контрола.

-Сега јасно е зошто се во скутот на Груевски и власта: Ѕинго и уредниците на Сител на чело со главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ Латас; Стојменов и уредниците на ТВ Канал 5 на чело со Лидија Богатинова; Јевросимовиќ и уредниците во Алфа на чело со Коле Чашуле!

Зошто овие телевизии 10 години ги лажат граѓаните, наместо да ја соопштуваат вистината?

Зошто ги трујат граѓаните со виртуелна реалност што непостои додека речиси пола Македонија се исели, а мнозинството од неиселените, живеат во незапаметена сиромаштија досега!

Јасно е зошто овие три телевизии ги масакрираат и демонизираат опозицијата, демократската јавност во земјава и секој кој ќе се обиде да мисли поинаку.
Никола Груевски ги кормумпира Сител, Канал 5 и Алфа со пари од народот!

Screen-Shot-2016-02-01-at-14.16.16

Молкот на Сител, Канал 5 и Алфа за катастрофалните состојби во државата е платен со вртоглави милионски суми.

Сега е уште појасно зошто до денеска, точно 50 дена, молчат Курир, Република, Радио Слободна Македонија од каде им се милионите евра на нивните сметки, а молчеа и институциите.

Сите овие медиуми молчат за реалноста, а измислуваат, креираат, монтираат, сечат и лепат вести за двоецот Груевски – Мијалков, што ги плаќаат со народни пари.
Еве затоа Никола Груевски не сака да се договори за објективни медиуми, рече Кирацовски.

-Бидејки нема да може да нарачува прилози, да се слика пред триумфални капии, очајно и безобразно да лаже, а тоа да се врти по цел ден на телевизиските програми.
Ова што денеска го соопштив е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес. Затоа, без медиумска регулација избори нема да има, рече Кирацовски.