Балонот од лаги има рок на траење

0
303

Продемократската јавност се подели по договорот од Пржино, едни сметаа дека тоа е добар начин ненасилно да се смени недемократската власт, други велеа дека со криминалци и со авторитарни лидери не треба да се преговара.
Џонс прашува како тоа се станува подемократска земја со договорање во кое никој, освен преговарачите и медијаторот, нема увид додека не се „договорат” и не ѝ објават на „публиката” што грицка семки на трибините.

„Признавам дека не ги разбирам демократските капацитети на Пржино. Не знам ни со кој пример одденешницата или од историјата да го споредам. Дали ненасилното менување на власта и непреговарањето со криминалци и авторитарни личности се заемно побивливи стојалишта? Доколку постои продемократска јавност и недемократска власт, зар насилието веќе не се одиграло, организирано како прикриен државен удар од внатре, од структурите на власта?“
Таа вели дека црно ни се пишува ако се помириме оти огромна маса од нашиот народ треба да биде проста, глупава и нецивилизирана, како што ја третираат власта и медиумите.

„Балонот на лаги се дува, се дува и се дува. И знаете како завршува балон? Може да пукне и да биде ‘врло непријатно’, да се издише во гласен прдеж или со време да спласне. Нема ништо во него, а има ограничен рок на траење. Е, сега прашање е како сакаме да се пресметаме со балонот: со пукање, со прдеж или заедно ќе се задушиме од недостаток на кислород!“

Таа потсетува дека во поранешната СФРЈ по студентските протести во 1968, со студентските културни сцени, списанијата, рок’ен’ролот и со целата дотирана младинска култура, државата оставала простор за алтернативно размислување. Тоа сега го нема.

„Не знам зошто сакаат да ги замолчат сите што имаат поинакво мислење од власта, а не се деструктивни за општеството. Како да имаат проект за тотално кршење на кичмата кај сите.“

Таа го враќа филмот назад, во периодот пред војните во СФРЈ кога живнал оптимизмот, луѓето вртеле по некоја паричка, а самата таа продавала пластични столови за кафулињата во Скопската чаршија. Луѓето се ослободувале. Во тој период пишувала за легендарното студентско списание „Млад борец“, заедно со новинарот Никола Младенов.

„Одеднаш сѐ се сруши. Од стравот, од војните! Девизата беше – ќути да преживееме. Со војните бубашвабите излегоа од канализација и никогаш не се вратија назад.“

Целата колумна на Владо Апостолов прочитајте ја тука