Ахмети почна да мисли „како што ќе му свират“ САД и ЕУ: Имаме исти мислења како европратениците

0
172

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со тројцата европарламентарци, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, рече дека гледа светло на крајот од тунелот и дека може да се постигне решение.

-ДУИ немаше никакви разлики со меѓународната заедница за тоа како треба да се реши оваа криза. Разменивме исти мислења со европарламентарците, како да се надмине проблемот. Се договоривме да имаме заеднички активности до полноќ, кога е најкритичен момент за нашата земја, рече Ахмети по средбата.

Тој додаде дека  би било погрешно доколку одлуката за распуштање на Парламентот се донесе без учество на сите политички страни.