Ахмети и Тачи поради верноста на Мијалков до ГРОБ ги заборавија албанците

0
293

Додека Ахмети и “интегративците” како слепци трчаа по секое евро од тендерите и наплаќаа 2-5 илјади евра од своите членови за работно место, а “војводата” Тачи до гроб заколнат на верност на својот претпоставен Сашо Мијалков, како опозиционер правеше дилови за поддршка во изборните измами, заборавија на граѓаните албанци кои им ја дадоа својата поддршка за да им ги решаваат проблемите со кои секојденевно се соочуваат.
И сето тоа траеше до објавите, односно “бомбите” кои ги објави Лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Народот сфати дека се работи за добро уиграна банда која го гледа само личниот интерес, злоупотребивајќи ги институциите на државата преку притисоци и уцени врз вработените со рушвет, и се со една цел, што подолго останување на власт.

Денес е сликата за политичката сцена многу појасна за граѓаните на РМ без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Денес граѓаните на РМ препознаваат само еден лидер, храбар човек и борец за слобода и правда кој ја откри суровата вистина за Македонија и нејзините жители, ЗОРАН ЗАЕВ..!
Силната и безусловна поддршка од Али и Мендух, која ја даваат на Груевски, не е заради ништо друго туку од стравот од соочувањето со народот. Знаејќи дека апсолутно ја изгубија довербата од своите гласачи, сега разголени и вплеткани во мрежата на криминалот која ја плетеа заедно со нивниот идеолог Груевски им нема друг спас освен да го поддржат Груевски во намерите да ги украдат изборите уште еднаш, како би останале на политичката сцена.
Бандо…!!

Од фејсбук зидот на Аднан Џафероски