Арсенчо ги избрка дипломираните и си вработи со вечерно уличарско за да му стојат мирно

0
202

12063413_754852691309172_4977739017907751086_n

Џабе учење, џабе факултети, џабе дремење по студентски 4 години.

Најбитниот документ кој сега е на цена во Крива Паланка е вмровската книшка.

Доколку ја немате неа, со дипломата за факултет може само да се сликате. Урамете ја и нека ви фаќа прашина по дома.

Примери? Безброј. Еве еден.

Откако беше избран за градоначалник на Крива Паланка во 2009 година, Арсенчо Алексовски за да си најде оправдување за чистката во општината, цела година само се жалеше дека неговиот предходник ја има презадолжено општинската каса и сега овој морал да подели откази на близу 20 вработени.

Но што се случи? Откако расчисти со неистомислениците, во поголем број стручни и факултетски образовани лица, градоначалникот, во општината вработи докажани криминалци, хулигани, шверцери и осуденици со документ.

Ако предходната општинска власт сметала дека во општината треба да се вработи образовен кадар, што и било направено, сегашната власт на чело со Алексовски го сметала спротивното, односно дека за подобро функционирање на општината дипломираните треба да се заменат со основци и со едвај завршен трет степен средно.

Затоа кај младите се изгуби надежта дека може да си го најдат своето место во ова општество.

Бегаат, епа ќе бегаат. Што да прават друго, да останат тука и да гледаат како неписмените и повторувачите со кои заедно учеле сега им ги заземаат нивните места.

Со ваквото владеење, се изгуби системот на вредности. Мора да има коренити промени и во власта и во целиот систем. Инаку не ни се пишува добро како држава.

12196361_754852744642500_1070571336965512016_n