Анима Мунди: Зоолошката во Скопје крие дека починала лавица

0
152

Зошто Зоолошката градина ја крие смртта на лавицата повеќе од еден месец, прашува Анима мунди.

„Зошто Зоолошката градина не ја информираше јавноста за оваа загуба, што се премолчува? Потсетуваме дека е ова едно во низата животни кои се мртви во исклучително сомнителни околности, а желбата да се премолчи овој случај (како сите минати случаи) дава за право да веруваме дека со животните се постапува нехумано, несоодветно, дека исклучително многу страдаат“, се наведува во реакцијата на Анима мунди.

Здружението ја повикува ЗОО Скопје веднаш да се произнесе за смртта на лавот и своите ставови ги поткрепи со докази.

„Ги повикуваме институциите на темелна истрага и затворање на ЗОО Скопје, а граѓаните на бојкот на овој и секој друг затвор за животни, кои трпат самотија, депресија, умираат од тага, страв и негрижа. Потенцираме, со секоја купена влезница вие поддржувате страдање, објективизација на живи битија, нивно искористување и профит, поддржувате интереси на некој друг додека животните се ставени во неприродни средини, обезвреднета е нивната природа и нивните потреби, оставени се да се мачат и умираат“, се додава во соопштението на Анима мунди.