АНАЛИЗА: 90% од задолжените граѓани земале кредити за да преживеат

0
146

Само за пет години, бројот на блокирани граѓани и фирми се зголеми за 77 000. Анализата на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека од 2010 година, бројот на блокирани граѓани е зголемен за повеќе од 63 000 ново блокирани а кај фирмите листата се зголемила за нови 13 500. Аналитичарите велат дека овие податоци укажуваат дека финансиската состојба и на населението и на бизнисот се влошува. Според дел од економистите, од десет, девет кредити на граѓаните се за преживување, односно задолжувања за да се задоволат основните животни потреби
Долгови за преживување – приватниот секотр неликвиден.

Вкупно 121 547 граѓани и фирми имале блокирани жиро сметки на крајот од 2015 години. Ова значи дека речси си секоја втора фира се соочила со блокада, а растечки тренд е регистиран и кај населението. Така, на крајот од декември под блокада биле 77 005 граѓани и 44 542 фирми.
“Блокирањето на сметките на граѓаните покажува дека приходите на населението не се доволни да ги покријат месечните трошоци најмногу поради ниското ниво на плати, потоа нередовни плати или воопшто преживување без приходи. Од друга страна, ниското ниво на плати или пак нередовни плати се показател дека стопанството се соочува со состојба на неликвидност“, вели за Порталб универзитетскиот професор Сами Бислими.

Неодмана последното истражување што го објави “Бизинсинсајдер“ ја вброи Македонија во групата на 15 земји со најдлабок индекс на мизиерија.

“Она што загрижува е квалитативната димензија на Индексот на мизерија. Токму еден од факторите е задолженоста во банките. И тоа не е проблем само по себе, меѓутоа кај нас 90% од населението, односно девет од десет задолжувања кај граѓаните се по основ на потрошувачки кредити, особено на кредитни картички. Ова значи дека луѓето се задолжуваат за да јадат, за да преживеат, за основни потреби. Ова укажува дека Македонија е сериозно сиромашна земја во која граѓаните се задолжуваат за основни животни потреби. Задолженоста на физичките лица преку кредитните картички и ненаменските кредити енормно расте и тоа има удел во Индескот на мизерија кој не цементира на дното“, вели за Порталб економскиот аналитичар Зоран Витанов.
Во 2015 година, бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за 34.106 а кај фирмите за 3.154. Од страна на УЈП, само по основ на долгови за радиодифузна такса беа блокирани 27.000 сметки во 2015 година. Но според економистите, сепак клучниот проблем со неликвидноста треба да се лоцира во стопанството.

“Најголем проблем е проблемот со неликвидност се соочува стопанството. Неликвидноста на стопанството во нашиот случај е последица на ограничените производни мозжности на домашната економија, недоволната реализација поради недоволната побарувачка, поради намалената куповна моќ и рестриктнивните мерки на фискалната политика, особено во доменот на казнената политика, корупцијата и клиентелизмот. Излезот од ваквата состојба е можно доколку се инвестира во проширување на производните мохности на домашната економија, осовременување на проиводниот процес и порационално користење на расположливите ресурси“, вели за Порталб професорот Бислими.

Во пакет со пораст на долговите на стопанството и на граѓаните, експертите посочуваат дека растат и долговите на држвата

“Многу пари влегоа во земјава, но сметам дека Македонија сериозно оди во голема сиромаштија и сметам дека ако сега драматично нешто не промениме, по четири години, без разлика која политичка гарнитира да дојде па и волшебник да дојде, состојбата ќе биде тешка“, вели за Порталб аналитичарот Витанов.

Во должничкиот круг се и дел од јавните претпријатија.

“Со проблемот на неликвидноста се соочуваат и одредени субјекти од јавниот сектор, првенствено како последица на енормното зголемување на трошоците за плати и надоместоци, но и зголемен обем на јавни набавки, што ги надминува нивниот капацитет за финансирање. Затоа, секоја година се зголемува потребата од дополнителни извори на средства преку трансфери од централниот буџет, или пак преку задолжување. Но таквиот пристап е можен дотогаш додека може да се смета на редовно сервисирање на долгот, но доколку старите долгови се покриваат по пат на ново задолжување, тогаш тоа е знак дека, повратните ефекти од досегашната политика на задолжување се недоволни“, вели за Порталб професорот Бислими.

Токму дел од јавните претпријатија се најдоа на “црната листа на должници“ што ја објави УЈП, со долгови по различни основи кон државата. Меѓу нив се Македонски шуми, Макоедонија пат и јавниот сервис МРТ.