Ѓунер Исмаил: Денес да ти бил „Денот на дрвото“…

0
245

Утринава отидов кај најблиското дрво до мојата зграда, му се извинив и го замолив на “….нашиот Брат…“ Природата, како што велеше оној индијански поглавица, да и го пренесе моето/нашето извинување за сите зла што и ги нанесовме уништувајќи ја безмилосно и лажејки ја дека “и ги враќаме“ испосечените дрва. И, ако има разбирање за олеснителните околности, нека знае дека не само Природата туку и нашите животи се уништени и дека освен дрвјата исчезнаа (се разболеа, умреа, се иселија) многумина и дека нашите деца, внуци којзнае дали ќе успеат да преживеат во оваа отруена земја. Сепак, надежта нели не умира така лесно и брзо, нека и каже на Природата дека, макар да тоа било последното, ќе сториме се, нејзините уништувачи, разурнувачите на нашите животи, на нашата иднина, СЕКОЈА ГОДИНА на овај ден да ги изведуваме во ПАРКОТ НА ЖРТВИТЕ НА ФАШИЗМОТ и ќе ги тераме во хор, на глас, да и се извинуваат!

Од мене толку за овај мнооогу тажен ден.

Ѓунер Исмаил – Фејсубк статус