ЃАВОЛОТ НИ ОРА НИ КОПА ТУКУ ПИШУВА НАУЧНИ ТРУДОВИ СО МЕЧКАТА ВО ПЕШТЕРА: Доктор Латас и магистар Ивона напишале научен труд во рамките на универзитетот на Бојо и го објавија во институт во Белград!

0
331

Професор доктор Латас и магистар Ивона напишале научен труд за нови современи методи на менаџирањето со човекови ресурси и трудот во име на Европски универзитет го објавиле во институт во Белград.

Двајцата заклучиле дека порано работниците биле поддршка на работата на компаниите а сега биле стратешки важни за остварување на целите на компанијата?! Ова нам ни изгледа исто. Потоа заклучиле дека работниците треба да бидат добри платени. Ова ваљда од Ѕинго го научиле со неговите бонови.

На крај заклучиле дека менаџерите со човекови ресурси не треба да ги гледаат и квантитативно мерат ситниците околу вработените туку стратешки да ги мерат позитивните исходи од работната сила која ја има во компанијата.

Пуста бе фрустрација и комплекс на нижа вредност и уличари и повторувачи, малку им е што се уредници и што се полни како брод па сега и титули им затребале, она др и мр сега им ги влажни гениталиите, ццццц…